Тотенхем со победата над Вердер од 3-0 слатко ќе го преспие зимскиот сон во Лигата на Шампиони. Хитот во овогoдинешното издание во Лигата на Шампиони, Тотенхем со десет бодови го дели првото место со бранителот на трофејот, Интер. “Петлите“ преку Кабул го отворија резултатот, хрватскиот репрезентативец Лука Модрич со “мајагери“ го зголеми водството додека печат на победа стави англичанецот Питер Крауч.
– Имав можност да играм финале со Ливерпул во 2007 година во Атина, кога загубивме од Милан со 2-1. Тогашната екипа на Ливерпул имаше потенцијал за такви дострели, одлични поединци и перфектна атмосфера. Истата приказна е и во Тотенхем кој секој нареден натпревар го дочекуваме со желба за триумф. Силна е конкуренцијата во составот, нема љутење кои ќе истрчаат на теренот затоа има е фантастични резултати – вели “кошарскиот“ напаѓач во редовите на Тотенхем, Питер Крауч.
Во битката за првото место во групата Тотенхем и Интер му гостуваат на Твенте односно Вердер.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com