Македонскиот ракометен првак Вардар ја забележа втората победа во фазата по групи, откако на домашен во рамките од втората рунда рутински се справи со Кристијанштад победувајќи го (33-25) во Скопје.

„Црвено црните“ до триумфот пред своите гледачи дојдоа во првите десет минути кога направија серија од 6-0. „Вардарци“ не дозволија гостите да се вратат ниту во еден момент во игра и ја запиша втората победа во групата.

Вуко Борозан и Иван Чупиќ со пет голови беа најпрецизни во составот на Вардар, а после нив следуваа Дибиров и Кристопанс со четири погодоци.

Во следната рунда Вардар ќе биде тежок испит, бидејќи гостува кај унгарскиот шампион Веспрем.

Фото: Гол.мк
OhridNews