Херојот на Рајн Некар Левен во триумфот на Вардар во Скопје, голманот Микаел Апелгрен ја има најдобрата одбрана во осмата рунда од Лигата на Шампиони.
Чуварот на мрежата на „лавовите“ имаше двојна интервенција, прво го скроти ударот на Вуко Борозан, а потоа го одбрани шутот и на Стојанче Стоилов. Инаку, мечот во Скопје голманот го заврши со вкупно 17 интервенци.
Триумфот против „црвено црните“ им донесе и еден гол во изборот за најдобрите, а не и место во идеалниот тим.
Одбраната на колото можете да ја погледнете тука, изборот на најдобрите голови тука и идеалниот тим тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Ангел Фернандез (Ла Риоха)
Леб бек: Метју Гребили (Монпеље)
Среден бек: Габор Шчазар (Кадетен Шафхаузен)
Десен бек: Блаж Јанц (Целје)
Десно крило: Тамас Иванчик (Елверум)
Пивот: Вигнир Сваварсон (Холстебро)
Голман: Тиери Омејер (ПСЖ)
OhridNews