Тунижанецот Ваел Жалуз со 12 погодоци беше двигател на Барселона во триумфот над Вардар во дербито на колото во Лигата на Шампион.


ЕХФ перфектната игра на Жалуз ја награди со одбирање во тимот на колото, а со сигурност ќе биде прогласен и играч поради учинокот кој го имаше.

Покрај бекот на Барселона во најдобрите седум се наоѓаат Јоанес Калман (левокрило/Пик Сегед), Кентан Мае (среден бек/Флензбург), Сергеј Онуфриенко (десен бек/ПСЖ), Дарко Ѓукиќ (десно крило/Бешикташ), Петер Оверби (пивот/Елверум), Тјери Омејер (голман/ПСЖ).

Погодокот од девет метри на Жалуз по истекот на првото полувреме се најде меѓу петте најдобри голови во ЛШ.

Голманот на Вардар, Арпад Штербик со обраната на зицер контрата на Кирил Лазаров обезбеди место меѓу ТОП 5 одбрани во седмата рунда од ЛШ.

Ohridnews