Втората позиција, односно сребрениот медал од завршниот турнир во Лигата на Шампиони на ракометарките на Вардар им донесе неколку индивидуални признанија.
Александра Лакребре го има најубавиот погодок на турнирот, додека француската ракометарка се наоѓа во ТОП 3 ракометарките заедно со Анита Горбич и Ники Грут кои го одбележаа Ф4 во Будимпешта.
И голманките на Вардар имаа свој голем учинок во успехот на тимот. Четири од петте одбрани се дело на „вардарки“. Лејно има две, Песоа и Суслина по една одбрана, а кога ќе се сумира се, недоставу(ше) само златото.
OhridNews