На крилата на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров екипата на Барселона со 37-33 го совлада Флензбург во Германија.


Капитенот на „црвено жолтите“ постигна десет погодоци од кои седум во првиот дел и беше нерешлива енигма за германците.

Со оваа победа каталонците им се одмаздија на ракометарите на Флензбург за поразот во полуфиналето од фајнл форот минатата сезона.

Голема помош во нападот македонскиот бомбардер имаше од Никола Карабатиќ, кој постигна седум погодоци.

Мх.П.