Атлетико Мадрид и “македонскиот бомбардер“ Кирил Лазаров забележаа победа од 32-27 на германскиот Фуксе. “Јорганџиите“ мака мачеа да се “одлепат“ во првиот дел, на одмор заминаа со предност од 13-12. Во вторите 30-ет минути сликата се промени, избраниците на Душебаев притиснија на гаста и ја остварија седмата победа во деветтиот натпревар.

Капитенот на “црвено жолтите“ Лазаров со четири погодоци беше четврти стрелец во екипата, Калман и Маркусен постигнаа шест додека пет пати мрежата ја тресеше Парондо.

Мх.П.