Европскиот првак Барселона на гостувањето во Полска кај тимот на Киелце се спасуваше од пораз во последните мигови од натпреварот.

Херој на каталонците беше данскиот репрезентативец Каспер Нодезбо кој погоди за реми 30-30 со звукот на сирената.


Кој и да победеше во мечот во преполната арена во Киелце немаше да биде незаслужено бидејќи и двата тима имаа свои шанси.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со седум голови беше најпрецизен во составот на Барса, Гурбиндо Мартинез реализираше пет, а четири постигна Раул Ентрориос.

Ремито меѓу Киелце и Барселона го промовираше Вардар за нов лидер иако има и меч за играње против Колдинг во Данска.

Мх.П.