Ракометниот дрим-тим на Барселона ја потврди фаворитска улога во дуелот со Загреб победувајќи во првиот четвртфинален натпревар со 25-23 (14-10).
Хрватските ракометари се подготвуваа и на секаков начин се мотивираа, сепак, немаа сила за подвиг против каталонскиот состав.
Избраниците на Чави Пасквал можеа да слават и поубедливо, но малото опуштање во финишот го искористија домашните ракометари кои имаа напад и за егал, но не успеаја да погодат и да се спасат од пораз.
Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров постигна пет погодоци во победата, а на стартот од мечот беше пречекан со стоечки овации од хрватска публика.
Реванш натпреварот, кој е закажан за следната недела треба да биде само потврда на пласманот на Барселона во завршницата од Лигата на Шампиони.
Мх.П.