Европскиот првак Барселона со победата над Пик Сегед 30-25 (11-11) во 12-та рунда од главната рунда се приближија до освојувањето на првата позиција во групата.


Ракометарите на Пик Сегед скапо ја продадоа кожата против Барселона која се измачи да стигне до планираните два бодови.

Отпорот на гостите избраниците на Чави Пасквал го скршија длабоко во второто поливреме благодарание на Кирил Лазаров и Жалуз кои реализираа по шест голови.

Со новиот ефикасен меч Лазаров ја задржа втората позиција на листата стрелци во Лигата на Шампиони, а Барселона се наоѓа на победа од првата позиција во групата.

OhridNews