Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров одигра маестрален натпревар за Барселона во убедливиот триумф над Алингас 42-29.


Леворакиот бомбардер мрежата на шведскиот преставник ја погоди дури 12 пати што преставува рекорд за оваа сезона во Лигата на Шампиони.

Првиот дел не наговестуваше лесна и убедлива победа на каталонците откако го добија само со еден разлика (18-17).

Во вториот избраниците на Чави Пасквал го покажаа сиот свој квалитет и од минута во минута ја зголемуваа предноста, која на крајот изнесуваше +13 (42-29).

Мх.П.