Македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски се најдоа во кремот од 11-та рунда во Лигата на Шампиони.
Десниот бек на Македонија се најде во тимот на колото откако со девет голови ја одведе Барселона до лесен триумф против Монпеље.
Репрезентативниот чувар Ристовски пак ја има најдобрата одбрана во 11-та рунда по ударот на пивотменот од Вардар, Мијајло Марсениќ.
Ристовски за кратко време со неколку интервенции успеа да и помогне на екипата Рајн Некар Ловен да го совлада Вардар во дербито од групата.
Тимот на 11-та рунда: Андрес Егерт (Флензбург), Иман Жамали (Кристијанштад), Андре Шмид (Рајн Некар Ловен), Кирил Лазаров (Барселона), Блаж Јанц (Целје), Андреа Нилсон (Веспрем), Матијас Андерсон (Флензбург).
Најдобрите голови можете да ги погледнете ТУКА.
Најдобрите одбрани можете да ги погледнете ТУКА.
OhridNews











