Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, повторно е избран во тимот на колото во Лигата на шампиони.


Лазаров, кој беше во идеалниот тим на третото коло, со добрата игра против Пари Сен Жермен, избори место и во најдобрата седумка на четвртото коло. Десниот бек на Барселона, во победата на неговиот тим во Париз од 33-29, постигна шест голови.

Идеален тим на 4.коло: Голман: Мирко Алиловиќ (Веспрем), Лево крило: Иван Нинцевиќ (Динамо Минск), Лев бек: Рафаел Да Коста (Ла Риоха), Среден бек: Стас Скубе (Горење), Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона), Десно крило: Иван Чупиќ (Киелце), Пивот: Тиаго Роча (Порто).

„Макфакс“