Преку 15.000 ракометни фанови гласаа на анкетата на веб порталот “Handball – Planet” на прашањето кој е најдобар ракометар во фазата по групи во ЛШ.

Прв на оваа листа е Полјакот Михаел Јурецки (Киелце) кој доби 5.511 гласови (37,74%) , второто место му припадна на македонскиот репрезентативец Кире Лазаров (Атлетико) кој освои 5.164 гласови (35,36 %), додека на третото место се најде Унгарецот Габор Часар (Фотекс) со 2.129 гласови.

Меѓу најдобрите пет според гласовите на фановите се голманот на македонскиот шампион Металург, Дарко Станиќ со 1099 и како петти првиот стрелец во лигата, Словакот Франтишек Шулц (Пик Сегед) со 245 гласови.

Ohridnews