Дрим тимот на Барселона одново беше поуспешна од Европскиот првак Флензбург овој пат со 36-27.
Флензбург беше тврд орев за каталонците кои имаа негатива два погодоци 16-14 по завршување на првиот дел.
Барселона во вториот дел распука кон голот на германците, а во тоа предничеше македонскиот репрезентатиец Кирил Лазаров со девет погодоци.
Исто колку Лазаров реализираше и левото крило Сигурдсон, а Ентрериос застана на шест.
За Барселона ова е петта победа во шестиот натпревар сезонава во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Мх.П.