Италијанскиот и англискиот првак, Јувентус односно Лестер се нови патници во четвртфиналето во Лигата на Шампиони.


Фудбалерите на Лестер за пласман меѓу најдобрите осум ја елиминираа екипата на Севиља со вкупен резултат (3-2). „Лисиците“ пред своите гледачи во содржаен натпревар ги совладаа шпанците со 2-0 и ја продолжија авантурата во Европа. Морган го отвори резултатот, а Албрајтон го дуплираше водството. Севиља остана со играч помалку по исклучувањето на Насри, а Н`нзонзи го имаше продолежението во рацете, но не успеа да погоди од белата точка.


Јувентус, пак, пред своите гледачи одигра мирен натпревар и со минимален триумф (1-0) над Порто го завери пласманот во четвртфиналето. Во првиот меч „старата дама“ славеше со 2-0 и со вкупни 3-0 го елиминираше шампионот на Европа од 2003 година.


Претходно во 1/4 финалето пласман обезбедија Борусија Дортмунд, Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

OhridNews