На „Кинг Пауер“ во Лестер и на Јувентус стадионот во Торино ќе паднат одлуките за новите учесници во четвртфиналето од Лигата на Шампиони. Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Во Лестер на дуелот меѓу домашниот состав и Севиља се очекува жестока битка до последниот здив. Шпанците првиот меч го добија со 2-1, а „лисиците“ пред своите гледачи ќе бркаат пласман во одбраното друштво и место во историјата од европскиот фудбал. 

Италијанскиот првак Јувентус пред себе има рутинска задача за одработување, бидејќи поголем дел од неа заврши на гостувањето во Порто каде славеше со 2-0. „Бјанконерите“ никогаш до сега не испуштиле ваква предност од прв натпревар, па така се очекува и сега.

Двата натпревари на програмата се во 20 часот и 45 минути.

OhridNews