Германскиот првак, Баерн Минхен лесно може да се случи без првата виолина во нападот, Роберт Левандовски да му се спротистави на Европскиот шампион, Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар кој ќе се одигра в среда на „Алијанц Арената“.
Полскиот голгетер како што пренесуваат германските медиуми не го издржал целосно тренингот и се пожалил на болки во ногата која ја повреди на дербито со Борусија Дортмунд во Бундес лигата.
Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти во отсуство на Левендовски нема да ја менува формацијата туку на негово место ќе стави нов фудбалер кој се очекува да биде Томас Милер.
Поради повреда сигурно првиот од двата четвртфинални мечеви ќе го пропушти Мет Хумелс, додека Левандовски ќе биде во трка со времето.
OhridNews