Лидерот на табелата во Премиер лигата, Манчестер Сити пред своите гледачи на Етихад во третата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони ќе го пречека водечкиот тим во Серија А, Наполи.

„Азурите“ имаат перфектен скор после осум одиграни мечеви во „Калчо“ лигата, а гостување во синиот дел од Манчестер ќе биде сериозен испит.

„Граѓаните“ се лидери на табелата со шест бодови и со триумф над Наполи на половина од групната фаза ќе бидат речиси сигурни патници во нокаут натпреварите кои следуваат.

Од Е-Х сегментот по групи за издојување е дуелот на Сантијаго Бернабеу помеѓу Реал Мадрид и Тотенхем. Двете екипи немаат пораз и реми во првите две рунди и ќе биде вистинско дерби во Х групата во која уште се наоѓа Борусија Дортмунд.

Двојки:

Група Е: Марибор – Ливерпул, Спартак Москва – Севиља

Табела: Севиља 4, Ливерпул 2, Спартак Москва 2, Марибор 1.

Група Ф: Феенорд – Шахјтор Доњецк, Мен Сити – Наполи

Табела: Мен Сити 6, Наполи 3, Шахјтро Доњецк 3, Феенорд 0.

Група Г: Монако – Бешикташ, Лајпциг – Порто

Табела: Бешикташ 6, Порто 3, Лајпциг 1, Монако 1

Група Х: АПОЕЛ – Борусија Дортмунд, Тотенхем – Реал Мадрид

Табела: Реал Мадрид 6, Тотенхем 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.

OhridNews