Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе биде предизвикувачот на Реал Мадрид во годинешното финале во Лигата на Шампиони кое ќе се одигра во Киев.
Фудбалерите на Рома останаа за гол покуси, откако со 4-2 го совладаа составот на Ливерпул на Олимпико. Англичаните во финалето патуваат поради победата со гол повеќе (5-2) на Енфилд недела дена претходно.
„Црвените“ налетот на Рома го застанаа во првите 25 минути од играта, кога поведоа со 2-1. Најпрво, Мане погоди за 1-0, а Милнер со комичен автогол ги изедначи бројките на семафорот. Вториот погодок за Ливерпул го постигна Вајналдум.
Во 52-та минута „волчицата“ преку Един Џеко успеа да го изедначи резултатот. Рома долго време напаѓаше, но третиот гол го постигна на две мунити од истекот на 90-та. Белгискиот репрезентативец со одмерен удар ја погоди мрежата на Кариус и донесе водство 3-2. Истиот фудбалер во 3-та минута од судиското продолжение реализираше удар од белата точка, но тој беше последен потег на Олимпико и Ливерпул со вкупни 7-6 патува во финалето.
Големото финале ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев на 26 мај.
OhridNews