Српскиот фудбалски првак Црвена Ѕвезда го приреди најпријатното изненадување во досегашните мечеви од групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Ливерпул во Белград со 2-0.

„Црвените“ на дуелот со Црвена Ѕвезда допатуваа како големи фаворити, но домашните фудбалери мотивирани од преполниот стадион одиграа фајтерски натпревар и на колена го фрлија европскиот вицепрвак. Црвена Ѕвезда ја забележа првата победа, додека Ливерпул го претрпе вгориот пораз и дополнително се закомпликуваа работите во групата во која уште се наоѓаат Наполи и ПСЖ.

Херој на „делиите“ е офанзивниот фудбалер Милан Павков кој два пати ја погоди мрежата на Ливерпул. Павков првиот погодок го постигна во 22-та минута, а вториот седум минути подоцна за неверојатна ерупција во Белград. Ливерпул ги потиснаа домаќините и створија неколку изгледни прилики за погодок, но голманот Борјан и фудбалерите на Црвена Ѕвезда не потклекнаа и забележаа голема победа.

Легандарниот француски фудбалер Тиери Анри имаше деби за заборав на клупата од Монако во Лигата на Шампиони, откако неговите избраници претрпеа висок пораз 4-0 од Клуб Бриж на домашен терен. Анри се уште нема победа и притисокот е се` поголем на неговите плеќи после презамањето на палката во Монако.

OhridNews