Еден од најдобрите судии со знакот на УЕФА, Виктор Касаи донесе катастрофална одлука да досуди пенал, откако наседна на лошата глума од Рахим Стерлинг во текот на мечот помеѓу Манчестер Сити и Шахјтор Доњецк кој заврши 6-0.

Пеналот во погодок го претвори Габриел Жесус, а Стерлинг после натпреварот им се извини на судијата и противничките фудбалери. – Јас сакав да ја „поткопам“ топката и со ногата удрив во тревникот. Не осетив контакт и не паднав поради тоа, паднав затоа што ја промашив топката. Им се извинувам на противничките фудбалери и судијата.

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште една потенцираше дека на дуелите од ЛШ потребна е видео технологија за избегнување на вакви катастрофални и смешни одлуки.

OhridNews