Елиминацијата на Барселона и пласманот во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони фудбалерите на Рома, навивачите и челниците на клубот лудо го прославија на теренот, во соблекувалните и на улиците од градот.
Фештата на „волчицата“ започна на теренот, но кулминираше во соблекувалните, каде фудбалерите гушнати пеаја победнички песни. Еуфоријата завладеа и на улиците, а претседателот на Рома, Џејмс Палота од радост се фрли во една од фонтатите среде центарот на градот.
Кога на сета оваа прослава се додаде и радоста на легендарниот коментатор Карлос Зампа кој е задолжен за коментар на италијанско национално радио Рома и Рим имаа вечер за паметење.
Честитки до Рома за успехот упатија сите италијански клубови и поединечни играчи кои не останаа рамнодушни од магична ноќ во Рим.
OhridNews