Бугарскиот првак, Лудогорец пред 50 000 во Белград ја совлада Црвена Ѕвезда со 4-2 и вкупни 6-4 ја елиминираше од понатамошните натпревари од квалификациите во Лигата на Шампиони.


Црвена Ѕвезда и Лудогорец на стадинот познат како „Маракана“ инаку сега „Рајко Митиќ“ одигра возбудлив меч кој заврши со идентични 2-2 како и првиот.


Четирите погодоци и двата црвени картони, по еден на двете страни доволно говорат за борбата на теренот. Возбудувањата продолжија и во продолжението, каде гостинските фудбалери постигнаа два погодоци и го заверија пласман во последната квалификациска пречка за пласман во групната фаза од ЛШ.


Резултати: Карабах – Викторија Плзен 1-1 (0-0), АПОЕЛ – Розенборг 3-0 (1-2), Динамо Тбилиси – Динамо Загреб 0-1 (0-2), Црвена Ѕвезда – Лудогорец 2-4 (2-2), Дундалк – БАТЕ Борисов 3-0 (0-1).

OhridNews