Македонскиот репрезентативец Аријан Алими кој ги брани боите на Динамо Загреб нема по добро да го памети мечот со Баерн Минхен одигран на „Алијанц Арената“.


„Модрите“ претрпеа убедлив пораз 5-0, а херој на вечерта беше Роберт Левандовски кој постигна хет трик за „баварците“. Сепак, на македонскиот репрезентативец го импресионирал Давид Алаба кој дејствува на левата бековска позиција.

– Нема потреба да се трошат зборови за фудбалерите на Баерн Минхен, но од нив најмногу отскокнува Алаба. Австриецот нема ниедна маана, сите елементи на игра му се неверојатни: има врвен преглед на играта, многу е брзо, постојано трча, има фантастичен центаршут, одличен е во одбрана, а може да игра на сите позиции. – рече Алими за реноминираниот спортски сајт Goal.com.

Алаба во Минхен пристигна од тимот на Австрија Виена како млад фудбалер и се разви во неверојатен играч кој е незаменлив на левата позиција во германскиот гигант.

Ohridnews