Со играч во идеалниот тим, одбрана и погодок се застапени македонските ракометни екипи Вардар и Металург по комплетирањето на петтата рунда во Лигата на Шампиони.


Бекот на Металург, Јанко Божовиќ ја зазеде десната бековска позиција во идеалниот тим во ЛШ. Неговиот учинок од 11 голови на мечот со Скјерн сепак не беше доволен за поволен резултатот во Данска.

Преку голманот Петар Ангелов и руската врска Тимур Дибиров – Даниел Шишкарев екипата на Вардар има свои преставници во најдобрите одбрани односно голови.

Ohridnews