Македонската судиска експедиција на чело со главниот арбитар Александар Ставрев беа талични за “Старата дама“.  Јувентус со убедливи 4-0 го совлада данскиот Нодрсјеланд во четвртата рунда од Лигата на Шампиони.

“Бјанконерите“ првата победа во групната фаза ја обезбедија во првите триесет минути од мечот. Прв мрежата ја начна Маркисио, предноста ја дуплираше Видал додека на 3-0 зголеми Џовинко. Конечниот “покер“ триумф го запечати Кваљарела на средината од вториот дел.

Мх.П.