Англискиот првак Манчестер Сити остана во игра за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони совладувајќи го Баерн Минхен со 3-2.
„Граѓаните“ до првата победа во групната фаза од ЛШ стигнаа со пресврт во последните пет минути од натпреварот на „Етихад“.
Иако домаќините поведоа со голот на Кун Агуеро сепак германците имаа предност 2-1 по првите 45 минути со погодоците на Чаби Алонсо и Роберт Левандовски.
Тој резултат беше активен до 85-та минута кога Кун Агуеро изедначи на 2-2, а со третиот погодок на мечот во 90-та минута донесе победа со фантастичен пресврт.
„Баварците“ од 20-та минута играа со фудбалер помалку откако црвен картон доби Мароканецот, Меди Бенатија.
Резултати :
Група Е : ЦСКА Москва – Рома 1-1, Мен Сити – Баерн Минхен 3-2
Табела : Баерн Минхен 12, Мен Сити 5, Рома 5, ЦСКА Москва 5.
Група Ф : АПОЕЛ – Барселона 0-4, ПСЖ – Ајакс 3-1
Табела : ПСЖ 13, Барселона 12, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.
Група Г : Шалке – Челси 0-5, Спортинг – Марибор
Табела : Челси 11, Шалке 5, Спортинг 4, Марибор 3.
Група Х : БАТЕ Борисов – Порто 0-3, Шахјтор – Атлетик Билбао 0-1
Табела : Порто 11, Шахјтор 8, Атлетик Билбао 4, БАТЕ Борисов 3.
Мх.П.