Пеп Гвардиола и неговите избраници и се реваншираа на Барселона за поразот од Ноу Камп (4-0) совладувајќи ја на Етихад со 3-1.


„Граѓаните“ до втората победа во групната фаза од ЛШ стигнаа со пресврт, откако имаа негатива 1-0 на семафорот.

Водечкиот погодок на Барселона кој го постигна Лионел Меси не ги поколеба домаќините кои до првиот дел преку Илкај Гундоган го изедначија резултатот.

На стартот од второто полувреме Манчестер Сити ја презеде иницијативата, а тоа го искористија со голот на Кевин де Брујин во 51-та минута за водство од 2-1.


Победата над Барселона во дербито на колото ја завери германскиот репрезентативец Гундоган со вториот погодок на мечот.


Резултати:

Група А: Базел – ПСЖ 1-2, Лудогорец – Арсенал 2-3 

Табела: Арсенал 10, ПСЖ 10, Базел 1, Лудогорец 1.

Група Б: Бешикташ – Наполи 1-1, Бенфика – Динамо Киев 1-0 

Табела: Наполи 7, Бенфика 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1.

Група Ц: Борусија Менхенгладбах – Селтик 1-1, Манчестер Сити – Барселона 3-1 

Табела: Барселона 9, Мен Сити 7, Менхенгладбах 4, Селтик 1.

Група Д: Атлетико Мадрид – Ростов 2-1, ПСВ – Баерн Минхен 1-2 

Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, ПСВ 1, Ростов 1.

OhridNews