Англискиот премиерлигаш,Манчестер Јунајтед со минимални (1-0) го совлада Ростов и со вкупен резултат (2-1) обезбеди пласман во 1/4 финалето од Лигата на Европа.
„Црвените ѓаволи“ една од многуте шанси реализираа во 70-та минута кога Хуан Мата со гол ја круниса пеколната контра на Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мхтаријан.
Покрај шпанскиот репрезентативец херој на домашните фудбалери е и Серхио Ромеро кој имаше три фантастични интервенции во текот на натпреварот.
Резултати:
Бешикташ – Олимпијакос 4-1 (1-1)
Краснодар – Селта Виго 0-2 (1-2)
Генк – Гент 1-1 (5-2)
Ајакс – Копенхаген 2-0 (1-2)
Андерлехт – АПОЕЛ 1-0 (1-0)
Борусија Менхенгладбах – Шалке 2-2 (1-1)
Манчестер Јунајтед – Ростов 1-0 (1-1)
Рома – Лион 2-1 (2-4)
Во зградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews