Една од четирите англиски екипи во Лигата на Шампиони, Манчестер Јунајтед без услугите на Вејн Руни ќе му спротистави на холандскиот првак ПСВ Ајндховен во првата рунда во Лигата на Шампиони.


Капитенот на „црвените ѓаволи“ поради повреда го пропушти мечот со Ливерпул во Премиер лигата кој неговите соиграчи го добија со 3-1.

Повредата на Руни не е сериозна, но менаџерот Луис ван Гал уште пред мечот со Ливерпул најави дека нема да ризикува со неговото здравје.

По исходот и играта против Ливерпул, Руни воопшто нема да недостасува во редовите на Манчестер, но неговото присуство е страв и трепет за противнички дефанзивци.

Ohridnews