Шпанскиот првак, Барселона ја доби првата од двете дерби пресметки со Манчестер Сити во групите од Лигата на Шампиони победувајќи со (4-0) на Ноу Камп.


Иако англичаните претрпеа убедлив пораз од Барселона, во дерби дуелот не се посрамотија и најавија возбудлив натпревар на Етихад за две недели.

Не ефикасноста во нападот и не компактноста во одбраната во составот на Сити ја казнуваше Лионел Меси кој постигна три од четирите погодоци.


„Граѓаните“ до 55-та минута добро се носеа со Барселона, кога Клаудио Браво поради намерно играње со рака надвор од својот голмански простор заработи црвен картон.


Во 78-та минута силите на теренот на израмнија, откако Французинот Жереми Матје заработи два жолти, автоматски црвен картон, но домаќините имаа веќе направено капитална предност (3-0) која ја зголемија со голот на Нејмар во финишот од мечот.

Резултати:

Група А: Арсенал – Лудогорец 6-0, ПСЖ – Базел 3-0

Табела: ПСЖ 7, Арсенал 7, Лудогорец 1, Базел 1.

Група Б: Динамо Киев – Бенфика 0-2, Наполи – Бешиткаш 2-3

Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо Киев 1

Група Ц: Барселона – Манчестер Сити 4-0, Селтик – Борусија Менхенгладбах 0-2

Табела: Барселона 9, Мен Сити 4, Борусија Менхенгладбах 3, Селтик 1

Група Д: Баерн Минхен – ПСВ Ајндховен 4-1, Ростов – Атлетико Мадрид 0-1

Табела: Атлетико Мадрид 9, Баерн Минхен 6, ПСВ 1, Ростов 1.

OhridNews