Името на Лионел Меси осамна на врвот од голгетерска листа во Лигата на шампиони откако Аргентинецот го постигна 72-от погодок во неговата кариера.


Тој го дуплираше водството за каталонците на гостувањето во Кипар против АПОЕЛ и го симна од врвот легендарниот шпански фудбалер Раул Гонзалез Бланко.


Подоцна аргентискиот ас постигна уште еднаш во мрежата на АПОЕЛ и стигна до 73-от гол во мечевите од ЛШ.

Капитенот на „гаучосите“ не е сам во оваа трка бидејќи само два погодока помалку има португалскиот ас Кристијан Роналдо.

Во само неколку дена Меси ги обедини голгетерските титули во Европа и Шпанија.

Мх.П.