Фудбалерите на Барселона на крилата од Лионел Меси со 3-0 го совладаа Баерн Минхен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампиони.
Каталонците немаа одговор за расположениот Мануел Нојер, но се уште последниот збор го немаше кажано аргентинскиот фудбалски виртуоз.
Малиот чудотворец стапи на сцена, за три минути со два за него препознатливи голови го нокатурираше германскиот гигант и донесе капитална предност за Барселона.
Печат на големиот триумф за домаќините стави бразилскиот репрезентивец Нејмар по асистенцијата на Меси во 90-та минута.
„Баварците“ покрај високиот пораз одиграа храбро и вистински го намачија составот на Луис Енрике, кој пред почетокот на 1/2 финалните мечеви беше први фаворит за тронот.
Реванш натпреварот на Алијанц Арената се игра за седмица, а германците немаат премногу опции освен убедлива победа.
Мх.П.