Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси се израмни со Раул на вечната голгетерска листа откако тој ги постигна двата погодоци за Барселона во триумфот над Ајакс (2-0).
Долго време некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул беше осамен на листата стрелци (71 гол), но Меси прв го стигна во трката со Роналдо, која „застана“ на 70.
Меѓу овие двајца фудбалери ќе продолжи битката за прв стрелец бидејќи пред нив престојат уште натпревари во Лигата на Шампиони.
Мх.П.