Високите амбиции и фаворитската улога на Јувентус за освојување на титулата во Лигата на Шампиони ќе бидат изложени на вистински тест уште во првата рунда на гостувањето кај Валенсија на „Месталја“ стадионот.

„Бјанконерите“ со Кристијано Роналдо во составот имаа одличен почеток во „калчо“ лигата победувајќи на четирите воведни натпревари од сезоната. Но, мечевите во ЛШ се поинаква приказна и секоја екипа има различен пристап.

  • Ние на секој меч без разлика каде ќе играме да победиме. Оваа сезона ќе имаме обврска плус, бидејќи ќе бидиме фаворити против поголем дел од тимовите со кои ќе играме. Со или без Роналдо ние атакуваме на титулата, а со него сме уште поквалитетни. Тој најдобро знае како се игра на „Месталја“ и се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. – рече тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Во Х групата покрај овој меч ќе се одигра и дуелот помеѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед во Берн. Мечевите помеѓу Ајакс – АЕК и Шахјтор Доњецк – Хофенхајм ќе започнат во првиот термин 18 часот и 55 минути, додека останатите шест во 21 часот.

Двојки: 

Група Е: Ајакс – АЕК (18:55ч), Бенфика – Баерн Минхен (21ч)

Група Ф: Шахјтор Доњецк – Хофенхајм (18:55ч), Манчестер Сити – Лион (21ч)

Група Г: Реал Мадрид – Рома (21ч), Викторија Плзен – ЦСКА Москва (21ч)

Група Х: Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед (21ч), Валенсија – Јувентус (21ч)

OhridNews