Екипите на Арсенал и Пари Сент Жермен во последната рунда ќе решаваат за првата позиција во А групата, откако и во вториот меѓусебен меч во групната фаза ремизираа овој пат 2-2.


Мечот на Емитари ќе се памети по двата автоголови, по еден на двете страни, бидејќи фудбалските потези на ѕвездите изостанаа на дербито. 

„Светците“ имаа водство 1-0 со голот на Едисон Кавани во 19-та минута. „Топчиите“ во првиот посериозен напад во првото полувреме успеаја да изнудат удар од белата точка. Сигурен реализиратор беше Оливие Жиру.


После еден час игра Арсенал поведе (2-1) со голема помош на Марко Верати кој си ја затресе сопствената мрежа. ПСЖ реми на Емирати обезбеди во 77-та минута со автоголот на Ивоби.

Во случај после шесте меча ПСЖ и Арсенал да имаат ист број на бодови, предност ќе има францускиот состав бидејќи првиот меч заврши 1-1.

Резултати:

Група А: Арсенал – ПСЖ 2-1, Лудогорец – Базел 0-0

Табела: Арсенал 11, ПСЖ 11, Базел 2, Лудогорец 2.

Група Б: Бешикташ – Бенфика 3-3, Наполи – Динамо Киев 0-0

Табела: Наполи 8, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 0.

Група Ц: Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити 1-1, Селтик – Барселона 0-2

Табела: Барселона 12, Манчестер Сити 8, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 2.

Група Д: Ростов – Баерн Минхен 3-2, Атлетико Мадрид – ПСВ 2-0

Табела: Атлетико Мадрид 15, Баерн Минхен 9, Ростов 4, ПСВ 1

OhridNews