Македонскиот првак Металург го продолжи победничкиот чекор во Лигата на Шампиони, откако славеше на гостувањето кај Висла со 24-20 (11-11). 

Триумфот избраниците на Лино Червар ги остави во трка за втората позиција во групата која носи релативно полесен противник во осминафиналето.
Наредниот, последен натпревар во групата е против Хамбург в недела во Скопје.
Табела: Хамбург 17, Металург 12, Копер 11, Висла 7, Ст.Петерсбург 5, Костанца 2.
М.П.