Екипата на Металург го претрпе вториот пораз сезонава во Лигата на Шампиони откако загуби со минимални 20-19 (8-10) на гостувањето кај тимот на Скјерн.
Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар потклекнаа во финишот кога ја испуштија од своите раце предноста која ја чуваа поголем дел од натпреварот.
Постот од девет минути без погодок на „металурзите“ им овозможи на домаќините да го анулираат и да го преземат водството.
И покрај се „сините“ беа блиску до реми со голот на Божовиќ, но домаќините имаа последен напад кој го реализираа буквално на истекот од времето.
Металург остана на двете победи извојуван против Кадетен и Елверум во втората и третата рунда пред своите гледачи.
Ohridnews











