Првата победа на Металург во Лигата на Шампиони во новата сезона на тимот му донесе две признанија од европската куќа на ракометот (ЕХФ) додека Вардар во името на Арпад Штербик одново има свој преставник во најдобрите пет одбрани.


Десниот бек на Металург, Јанко Божовиќ со осум голови беше нерешлива енигма за тимот на Кадетен Шафхаузен и заслужено се најде во тимот на колото во Лигата на Шампиони.

Еден од погодоците на организиратор на игра на „металурзите“ Лука Мраковиќ се најде во ТОП 5 головите во втората рунда, а свое загарантирано место таму има Штербик кој брилираше во победата на Вардар над Пик Сегед.

Најдобрите одбрани.

Најдобрите голови.

Тимот на колото.

Ohridnews