Стилот на играње специфичен фудбал „сите во одбрана“ односно катанаџо, најдобро го прикажа италијанскиот Милан кој и покрај лошиот резултат на домашен терен пред една недела (2:2), го шокира Баерн со два брзи гола, кои до крајот на мечот беа бранети со одбрана од врвна класа. Иако Германците имаа иницијатива и на почетокот од мечот во Минхен направија некои шанси, искуството на Италијанците се покажа за само 4 минути 27-ма и 31-ва. Два одлични голови за 0:2 на Сидорф и џокерот Инзаги (од офсајд, судијата не виде). Сепак тоа не го намалува успехот на Милан кој во полуфиналето ќе игра со импресивниот Манчестер.
Крауч – играч на мечот
Ливерпул својата работа ја заврши на теренот од ПСВ со победата од 0:3, па на Енфилд навивачите пееја победнички песни уште од првите минути. Бенитез ги одмораше домашните херои Карагер и Џерард, а единствена црна дамка беше повредата на Белами (заменет од Фаулер). Решавачки момент – 67-ма минута, одличен удар на Питер Крауч за вкупна победа од 4:0 на европските прваци од 2005. Во англиското полуфинале (реприза од 2005 г.) Ливерпул ќе игра со Челзи.
ГРК Охрид во рамки на Купот на Македонија во групата В во петок се среќава со екипата на ГРК Тиквеш 2014 Овој викенд ги играме натпреварите од групната фаза на Купот на Македонија Одиме натпревар п...
Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Champions...
По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.