Поради невнимателноста на фудбалерите Џејдон Санчо и Абду Дијало експедицијата на Борусија Дортмунд задоцни со слетувањето во Лондон и ги прекрши правилата за гостинските натпревари на УЕФА во Лигата на Шампиони.

 

Двајцата фудбалери не го понеле со себе пасошот, а челниците ги известилe пред да се упатат кон пасошка контрола. Санчо и Дијало по брза постапка заминале од аеродромот до своите домови да го земат пасошот.

„Милионерите“ вечерниот тренинг ќе го одработат во договорeниот термин, но другите активноси се помести за некој час поради доцнењето на германската експедиција.

Борусија Дортмунд утре вечер на Вембли стадионот ќе ги одмери силите со Тотенхем во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

OhridNews