Ракометниот клуб Вардар ја почуствува горчината на поразот во Лигата на Шампиони, откако го положи оружјето после голема борба со Келце. Но и покрај поразот „црвено црните“ имаа места помеѓу најдобрите во петтата рунда од најквалитетното клупско натпреварување во Европа.

Препознатливиот погодок од лакот на Тимур Дибиров се најде на второто место во изборот на најдобрите, додека една од одбраните на српскиот голман Дејан Милосављев ги најавува најдобрите во петтата рунда. „Црвено црните“ немаат преставник во идеалната постава, а нема ниту Келце иако победи во дерби средбата од А групата.

Идеалниот тим:

Лево крило: Александар Вестби (Елверум)

Лев бек: Франкис Карол Марцо (Спортинг Лисабон)

Среден бек: Томас Могенсен (Скјерн)

Десен бек: Јакоб Ласен (Силкерборг)

Десно крило: Јосип Павлетиќ (Загреб)

Пивот: Андреас Нилсен (Веспрем)

Голман: Емил Нилсен (Скјерн)

OhridNews