Голманот на Вардар, Дејан Милосављев ги одбележа првите натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. На неговите крила „црвено црните“ го понижија Загреб на домашен терен и завршија поголем дел од работата во првата елиминациска фаза.

Чуварот на мрежата во изборот на најдобрите заслужено ја доби голманската позиција во идеалниот тим, а двојната одбрана му донесе место помеѓу најдобрите пет одбрани. Во изборот на најдобрите голови нема погодоци од Вардар.

Идеалниот тим:

Лево крило: Гудјон валур Сигурдсон (Рајн Некар)

Лев бек: Расмус Лауге (Фленсбург)

Среден бек: Лука Циндриќ (Киелце)

Десен бек: Алекс Душебајев (Киелце)

Десно крило: Атем Козаковиќ (Мотор Запорожје)

Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)

OhridNews