Екипите на Шкендија, Црвена Ѕвезда и Динамо Загреб забележаа победи на домашен терен во првата рунда од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на Шампиони.

Тетовските „црвено црните“ на крилата од Бесарт Ибраими кој го постигна единствениот погодок славеа над Шериф, додека „црвено белите“ од Белград со 3-0 го решија тимот на Судува, а најголем чекор напред кон третата фаза направија „модрите“, кои, со 5-0 го преслушаа Хапоел Беер Шева.

Утре (среда) ќе се комплетираат првите мечеви од второто коло, а реванш натпреварите на програмата се следната недела.

Резултати: Астана – Митјиланд 2-1, Клуж – Малме 0-1, Паок – Базел 2-1, Динамо Загреб – Хапоел Беер Шева 5-0, Шкендија – Шериф 1-0, Црвена Ѕвезда – Судува 3-0, Легија – Спартак Трнава.

Фото: Екипа.мк
OhridNews