Без голови и без победник заврши дерби пресметката меѓу фудбалските гиганти Пари Сент Жермен и Реал Мадрид одиграна на „Паркот на Принцовите“ во третата рунда од Лигата на Шампиони.
Иако натпреварот заврши со непопуларниот резултат, двата состави имаа свои прилики и во голема мера го оправдаа епитот дерби на колото.
Резултати :
Група А: Пари Сен Жермен-Реал Мадрид 0-0, Малме-Шахтјор 1-0
Табела : Реал Мадрид 7, ПСЖ 7, Малме 3, Шахјтор 0.
Група Б: ЦСКА Москва-Манчестер Јунајтед 1-1, Волфсбург-ПСВ Ајндховен 2-0
Табела : Волфзбург 6, Мен Ју 4, ЦСКА 4, ПСВ 3
Група Ц. Атлетико Мадрид-Астана 4-0, Галатасарај-Бенфика 2-1
Табела : Атлетико 6, Бенфика 6, Галатасарај 4, Астана 1.
Група Д: Јувентус-Борусија Менхенгладбах 0-0, Манчестер Сити-Севилја 2-1
Табела : Јувентус 7, Мен Сити 6, Севиља 3, Менхенгладбах 1.
Мх.П.











