Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс има поголем проблем од поразот од Олимпијакос 2-0 во рамките од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.


Тоа е лошата комуникација на теренот измеѓу најдобрите фудбалери во екипата Вејн Руни и Робин ван Перси. Овие двајца фудбалери само пет пати си ја додале топката меѓу себе на мечот со грците во ЛШ, а еднаш Холанѓанецот тоа го направил по изведувањето на почетниот удар.

Токму овие двајца фудбалер минатата сезона под палката на Сир Алекс Фергусон ја покорија Премиер лигата без никаков проблем и на Олд Трафорд ја донесоа 20-та титула. Тие не се на тоа ниво и нивната тивка караница се повеќе излегува на површина со лошите резултати кои го пратат Јунајтед сезонава.

Руни го продолжи договорот до 2019 година, а до крајот на договорот од Ван Перси остануваат уште две сезони, а се повеќе се шушка за негово враќање во Арсенал или трансфер во Барселона.

Мојс иако е далеку од имиџот, кој го имаше Фергусон на Олд Трафорд сепак треба да пресечи и за доброто на клубот повторно да го соедини ударниот тандем на Јунајтед.

Мх.П.