Капитенот на македонскиот првак Металург, Наумче Мојсоски е меѓу седумте играчи кои го одбележаа шестото коло во Лигата на Шампиони.


Мојсоски беше непогрешлив постигнувајќи 11 погодоци од исто толку обиди вклучувајќи го и победничкиот гол во финишот од мечот.

Покрај македонскиот репрезентетативец во тимот на коло се најдоа Гујдон Сигурсон – Барселона (лево крило), Микел Хансен – ПСЖ (среден бек), Кристијан Цајц – Веспрем (десен бек), Драган Гајиќ – Монпеље (десно крило), Растко Стојковиќ – Брест Мешков (пикер) и Хозе Мануел Сиера – Пиг Сегед (голман).

На двоецот од Вардар, Шишкарев – Лазаров им припадна втората позиција во ТОП 5 погодоци за шестата рунда за двојниот цепелин.

Мх.П.