Англиските премиерлигаши Манчестер Сити и Тотенхем имаа фантастични перформанси во Лигата на Шампиони, откако во четвртата рунда во фазата по групи ги совладаа Наполи 4-2 односно Реал Мадрид 3-1.

„Граѓаните“ го освоија целиот плен на „Сан Паоло“ иако домаќините имаа водство 1-0 со голот на Инсиње. Егал до крајот на првиот дел донесе Отаменди. На стартот од второто полувреме Сити поведе со 2-1 со погодокот на Стоунс. Жоржињо од белата точка донесе ново изедначување, но избраниците на Пеп Гвардиола постигнаа нови два голови преку Агуеро и Стерлинг кои им донесоа победа и пласман во нокаут фазата.

 

Екипата на Тотенхем ја продлабочи кризата во редовите на Реал Мадрид победувајќи го 3-0 на Вембли. Два од трите голови за „петлите“ постигна Деле Али, а во листата на стрелци се запиша и Кристијан Ериксен.

 

 

 

Резултати:

Група Е: Ливерпул – Марибор 3-0, Севиља – Спартак Москва 3-1

Табела: Ливерпул 8, Севиља 7, Спартак Москва 5, Марибор 1

Група Ф: Наполи – Мен Сити 2-4, Шахјтор – Феенорд 3-1

Табела: Мен Сити 12, Шахјтор Доњецк 9, Наполи 3, Феенорд 0

Група Г: Бешикташ – Монако 1-1, Порто – Лајпциг 3-1

Табела: Бешикташ 10, Порто 6, Лајпциг 4, Монако 2

Група Х: Тотенхем – Реал Мадрид 3-1, Борусија Дортмунд – АПОЕЛ 1-1

Табела: Тотенхем 10, Реал Мадрид 7, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.

OhridNews