Фудбалерите на Монако го приредија најголемото изненадување во првата рунда од осминафиналето од Лигата на Шампиони победувајќи го Арсенал на „Емирати“ со 2-1.


„Топчиите“ напаѓаа, креираа безброј шанси, но никако не успеаjа да ја погодат мрежата. Нешто што „кнезовите“ го направија два пати од исто толку изгледни прилики. Надеж за Арсенал во поразот пред своите гледачи остави Англичанецот, Алекс Чемберлејн, кој погоди во судиското продолжение, а тотално го отпиша Караско во завршните мигови од мечот.


Баер Леверкузен со минимална предност ќе патува на реваншот во Мадрид против Атлетико откако на „Бај Арената“ победија со 1-0.

Повратните натпревари во осминафиналето започнуваат на 10 март, а ќе се играат и на 11 и една недела подоцна.

Мх.П.